Германија преплавена од кокаин

0
77

Замотан во картон и во пластика, сокриев во над 200 темни спортски торби. Тоа припадниците на германската гранична полиција во јули годинава во Хамбург пронајдоа сокриени 4,5 тони кокаин. Во товарен брод на пат кон Антверпен кој превезува соја. И тоа не е едниствено пронаоѓање на дрога годинава. Полицијата годинава досега вкупно заплени над 10 тони кокакин, шестпати повеќе од пред 5 години.

„Кокаинот во Германија навистина претставува проблем. Зад нега стои многу добро организиран криминал. Европскиот пазар сега е наводно преплавен. Тоа многу ме загрижува“, изјави претставничката на германската влада задолжена за наркотици, Даниела Лудвиг (ЦСУ), на годинешниот состанок кој за тема ги има трговијата и конзумирањето на дрога во Германија. Оваа еднодневна конференција се одржа во Берлин под слоганот „Зависност во фокусот – ангажирање на локалните заедници на лице место!“

Тутун, алкохол, канабис

Според податоците на сојузната влада во Берлин, во Германија има над 8 милиони зависници. Тоа значи дека секој десети жител во земјата конзумира најмалку една легална или илегална дрога. Четири милиони луѓе се зависни од никотин, 1,6 милиони од алкохол, 300.000 од канабис, а, според проценките, околу 166.000 луѓе конзумираат опијати како што се хероин или кокаин. За речиси половината од нив конзумирањето дрога е толку голем проблем што застрануваат од својот животен пат, губат работа или дури завршуваат на улица. Тоа се главно алкохоличари кои сочинуваат две третини од сите пациенти на рехабилитација.