Гласање за импичмент на Трамп

0
86

Неколку минути откако спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објави дека Домот денеска ќе гласа за импичмент, претседателот Доналд Трамп ја обвини за „обид за пуч“ и за „поткопување на американската демократија“. Во писмото од шест страници Трамп и порачува на Пелоси дека „историјата остро ќе и суди“. Претставничкиот дом денеска ќе расправа, а потоа и ќе гласа за двете обвинувања против Трамп дека ја злоупотребил функцијата и дека ја попречувал истрагата во врска со тоа дали побарал од Украина да покрене постапка против неговиот претседателски ривал демократот Џо Бајден.