Годинава увезени 1500 високо молзни грла за да се зголеми млеко производството

0
65

Откако се сменија условите од програма за рурален развој и сега увозот е под услови кои ги одредија самите фармери а државата само ги субвенционира со 50 до 75% од трошокот се повеќе фарми се одлучуваат за увоз на вакви високо млечни грла за да си обезбедат поквалитетно и зголемено производство на млеко од сточарските фарми.

Годинава како резултат на промената на условите склучени се 68 договори со кои се набавени 1500 високо млечни јуници во кои се инвестирани над 2 милиони евра.

Официјалните бројки од агенцијата за храна и ветеринарство покажуваат дека годинава по фармите има околу 55 илјади молзни крави а млечната индустрија бележи пораст на откупеното млеко по падот кој го имаше во пред две години.