Грабар-Китаровиќ низ „иглени уши“ во вториот круг

0
115

Кандидатот на социјалдемократите и поранешен премиер Зоран Милановиќ победи во првиот круг на претседателските избори во Хрватска. Во решавачката рунда ќе се пресмета со претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ.
Според 99 проценти преброени гласови, актуелната претседателка Грабар-Китаровиќ ќе има шанси да се бори за втор мандат на чело на Хрватска откако заврши на второ место на денешното гласање. Милановиќ освоил 29,5 отсто од преброените гласови, Грабар-Китаровиќ 26,7; додека на трето место заврши независниот кандидати Мирослав Шкоро, популарен пејач кој застапуваше националистички позиции со 24,4 проценти од гласовите.
Вториот круг е закажан за 5 јануари следната година.
Извор Дојче веле