Граѓаните задоволни од одлуката, државата ризикува да плаќа голема сума пенали за Иловица

0
87

Доколку концесионерот Еуромакс реши да ја даде државата на Арбитража, тогаш земјава е во ризик од плаќање голема сума пенали зависно од исходот на пресудата.

Канаѓаните неодамна поднесоа тужба до Управниот суд на земјава против решението со кое второстепената државна комисија всушност пресече дека тие немаат право да вадат руда на местото каде што се планираше да никне рудникот во Иловица.

Имено, по неколку годишни протести на граѓани од струмичкиот крај и еко активисти Владата се одважи и реши планираниот рудник конечно да не се гради.

Иловица остана без концесијата, а од „Здрава котлина“ упатија честитки за ваквата одлука.

Во одлуката на владата стоеше дека концесионерот нема поднесено барање со целокупна неопходна документација за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини.

Извор фактор