Граѓаните користат од 120 до 150 милиони пластични кеси годишно

0
71

2020 година ќе биде подготовка за ослободување од користење на пластичните кеси, а од 2021 година секоја пластична кеса ќе се наплатува по 10 денари. Со ова треба да се намали користењето на пластичната амбалажа, а со тоа почнува и начинот на кој ќе се фрла отпадот од домаќинствата, но и зголемување на досегашната цена за ѓубретарина за 150 денари.

Многу е важно со законите за отпад кои се во собраниска процедура да се одредат кои фирми ќе работат со амбалажен отпад и истите да собираат селективен отпад.

До крајот на 2020-та, стапката на рециклирање треба да биде најмалку 55 отсто, а најмногу 80 отсто од амбалажниот отпад што е создаден на територијата на Република Македонија – велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.