Два силни ЗЕМЈОТРЕСИ во Грција

0
153

Силен земјотрес со јачина од 4.5 степени по Рихтер денеска утровоко во 8.45 часот ја погоди Грција, а 15 минути подоцна бил регистриран уште еден потрес со јачина од 3.9 степени.

Според податоците, првиот земјотрес бил на два километри длабочина и 321 километри јужно од Атина, додека епицентарот на вториот земјотрес бил само 15 километри подалеку.

Како што пренесуваат грчките медиуми, земјотресот со јачина од 4.5 степени траел околу две минути, а нема информации за повредени лица.

Извор слободен печат