Делчево го чествува ликот и делото на Свети Климент Охридски

0
73

Во Делчево денеска се слави ликот и делото на Св.Климент Охридски. Со пригодна свеченост во дворот на училиштето кое го носи името на македонскиот просветител денеска пред неговата биста беше прочитан пригоден реферат за неговиот лик и дело, додека свежо цвеќе положија претставници на училиштето, локални институции, здруженија и граѓани.

 

По повод патрониот празник на училиштето синоќа се одржа и Свечена академија, на која во својот говор директорот на деветолетката „Св.Климент Охридски”, Горан Димитровски, истакна дека училиштето и оваа година постигнало одлични резултати на сите полиња.