Дел од здравствениот дом во Пробиштип кое со децении не се користи ќе се адаптира во Дом за стари лица

0
80

Во дел од Здравствениот дом во Пробиштип, кој со децении е затворен и е руина, за две години треба да ги добие своите први станари во Домот за стари лица. Општината со помош на Министерството за труд и социјална политика ќе изврши реконструкција на овој дел од објектот, кој ќе има капацитет за 54 лица. Средствата од 55 милиони денари се обзедуваат од државниот буџет.

Миграцијата на младото население од градовите и селата на истокот ги остави повозрасните сами во своите куќи и станови. Анализите покажуваат дека домовите за стари лица, во кои ќе се нуди грижа и претстој се исплатливи инвестиции.

За разлика од Пробиштип, штипското Здружение на пензионери кое во 2014 година ја вложи целата својата заштеда од 600.000 евра се уште е во фаза на карабин. Објектот стои, бидејќи има статус на дивоградба, се чека новиот закон за да може да се легализира, но и да се бара помош од државата за изградба на дом за стари лица со капацитет за над 90 лица. Во Брегалничкиот регион засега само функционира беровскиот, кој во моментов има 29 легла, а и долга листа на чекање за сместување во него.