Дескоска: Ветинг во судството по избори

0
80

Ветингот во судството ќе се спроведе по изборите, најави министерката за правда, Рената Тренеска Дескоска. Како причина за тоа е потребното двотретинско мнозинство што, според неа, е тешко за обезбедување во актуелниот состав на Парламентот. Но, истакна дека Владата во моментот разгледува опции за проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите, како и нивниот интегритет.

Дескоска вели дека владата во овој момент разгледува и повеќе опции како да се спроведе проверката на имотот и интегритетот на судиите и јавните обвинители.

 

Во однос на препораките на Венецијанската комисија, министерката за правда потенцира дека тие се однесуваат на употребата на јазиците од страна на носителите на јавни функции, а не на граѓаните кои имаат право да го употребуваат албанскиот јазик.

 

Според Дескоска во следниот период ќе бараат начини како да се спроведат препораките на Венецијанската комисија во делот на судските постапки преку измени на Законот за судови и Законот за кривична постапка кои се носат со двотретинско мнозинство.