Дескоска за предлогот на Мицкоски за МВР – противуставен кандидат

0
77

Mинистерката за правда и универзитетски професор по уставно право, Рената Дескоска, пред малку го оцени предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада како противуставен.

Својот став, Дескоска го темели на пропишаното во членот 97 од Уставот, што веќе го објави „360 Степени“:

Со органите на државната управа во областа на одбрната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години.

се вели во член 97 од Уставот.

Според извори на „360 Степени“, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада е Драган Ковачки, полковник од АРМ. Тој има долга кариера во војската, меѓудругото и како Командат на 1. механизирана пешадиска бригада.