Детали од МВР – ШВЕРЦУВАЛЕ 700 КГ. КОКАИН ВРЕДЕН 20 МИЛИОНИ ЕВРА

0
79

По запленувањето на 700 кг кокаин, полицијата го обелодени сценариото на меѓународната криминална мрежа, а во која е уапсена и актерка Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Освен овие двајца уапсени во нашата земја, уапсени се уште три лица во Шпанија, во заедничката акција на полицијата на двете држави. Се трага по едно лице во Турција и Грција. Министерот за внатрешни работи изјави дека до сузбивањето на групата е дојдено со соработка помеѓу полицијата на Македонија, Шпанија, Колумбија и американската агенција, ДЕА. Спасовски додаде дека криминалната група имала за цел кокаинот кој на црниот пазар достигнува цена околу 20 милиони евра, да го пренесе од Колумбија во Шпанија а потоа да се распредели на пазарот во Западна Европа. Лидер на групата бил сопругот на Стојановска, Будисављевиќ кој поради забрана за патување во ЕУ, го ангажирал својот брат кој живеел во Белгија и со кој имале чести средби во Скопје во периодот јули- декември 2018, кога ја договорале дистрибуцијата на кокаинот.

Извор Алсат-М