Димовски: Владата во заминување да не го злоупотребува Парламентот

0
76

Пратеникот Илија Димовски  од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека до крајот на декември Собранието треба да донесе повеќе измени на закони од економската и финансиската сфера, а кои ќе се применуваат од почетокот на 2020 година за кои стопанствениците нема да имаат време да се информираат со новите закони.

До Собранието, како што кажа, во последните три дена пристигнале 41 предлог- закон, од кои во најголем дел по скратена постапка, а на 123. седница закажана за среда на дневен ред има 79 различни закони, од кои најголем дел се од економската и финансиската свера.