До средината на декември ќе се исчистат 27 диви депонии

0
72

Отпадот од 10-те диви депонии што се наоѓаат во општина Росоман во количина од вкупно 1.320 кубни метри се собира и се транспортира до депонијата „Тенеќе Жица“ во село Росоман. Потоа се чисти отпадот од три диви депонии во општина Шуто Оризари и шест диви депонии во општина Сарај во количина од вкупно 6.520 кубни метри и се транспортира до депонијата “Дрисла“. Во Полошкиот Регион се чисти отпадот од дивите депонии на две локации и тоа во општина Боговиње од населените места Камењане и Чифлик“, како и во општина Врапчиште во Пропадиште – Градечки мост во количина од вкупно 9.500 кубни метри. Истиот се транспортира до депонијата во гостиварско Русино – информираат од Министерството за животна средина.

Чистење и транспорт на отпадот од 10 диви депонии се спроведува и во општина Дебар, при што отпадот во количина од вкупно 5.471 кубни метри се транспортира до депонијата „Градска Депонија“ на локалитетот Кривци, Дебар, која е оперирана од страна на јавното претпријатие на општината.