Дeбар ќе постави мерна станица за квалитетот на воздухот

0
81

Поради сомнежи околу загаденоста на воздухот во градот, Советот на општина Дебар одлучи да се преземат мерки за поставување на станица за мерење на квалитетот на воздухот.  Дел на советници на општина Дебар сметаат дека можно е да има загадување на воздухот од работата на фабриката за гипс и гипсени префабрикати  „Кнауф“. По официјалното барање од страна на советнициите, управата на „Кнауф“ одговорила дека таа ги има преземено сите законски мерки и не го загадува воздухот во Дебар.

На седницата на Советот е нагласено дека и покрај овој одговор на „Кнауф“ сепак треба да се најдат можности за поставување на станица  бидејќи официјалната станица за мерење на квалитетот на воздухот посетавена во Лазарополе, не може да даде објективни информации за загаденоста на воздухот во Дебар, поради  далечината и надморската височина.