Експертите препорачуваат да се промени моделот за привлекување туристи

0
79

Промена на моделот за привлекување туристи, за да има поголем бенефит државата. Странците веќе не сакаат пречек на аеродром, хотел, шетање со тур оператори, организирани тури – она што го бараат се традициoналните, автентични обележја кои можат да ги видат, велат од туристичкиот сектор. Во наредните 30 години, според нив, таргет ќе ни биде привлекувањето на повозрасни, 50 до 70 годишни туристи, кои имаат пари и ќе бараат доживување.

 

Тонско Владимир Сулев Идејата, е на туристите да им понудиме средби со локални херои. Туристите сакаат да научат, како се резба, како се прави нешто од глина, да берат јаболка во Преспа.-Од искуствата кои ги имаме по завршувањето на турите може да видиме дека туристите сакаат да имаат доживувања на патувањето. Тоа за нив е клучниот мотив за да патуваат. Затоа во таа насока треба да ги подготвуваме нашите пакети и да се развиваме, изјави Владимир Сулев, Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија.