Експерти: Дополнителната блокада за формирање на техничката Влада може да ги одложи изборите

0
73

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи и покрај тоа што Уставот не предвидува на чело на МВР да стои активно униформирано лице, според политикологот Иван Стефановски од Евротинк, е „игра“ за одложување на изборите на 12 април. Стефановски вели дека предлогот доаѓа во период кога роковите се кратки посебно што до 3 јануари кога треба да се формира техничката влада остануваат само уште 3 дена.

„Oва е сигнал за едно од можните сценарија дека можеби двете партии смислено пробуваат да најдат начин да ги одложат изборите, бидејќи евентуално од некакви интерни сондажи им дале до знаење дека не стојат баш онака на анкетите како што замислиле. Другото сценарио е некаква дополнителна блокада или едноставно терање политички инает од страна на опозицијата. Инаку факт е дека предлогот г. Ковачки да биде нов министер за внатрешни работи, е секако противуставен бидејќи станува збор за воено лице кое доаѓа од редот на армијата“, вели Иван Стефановски, „Евротинк“.