Екс-претседателот на Пакистан Первез Мушарав осуден на смрт

0
76

Поранешниот пакистански лидер, кој исто така се соочува со други правни предизвици од времето кога беше на власт, ги отфрли обвинувањата и ги нарече политички мотивирани.

Специјалниот суд во Пакистан го прогласи поранешниот армиски шеф и претседател на Пакистан Первез Мушарав за виновен за предавство и го осуди на смрт.

Овој случај датира од 2007-ма, кога Мушарав, тогашен претседател и шеф на армијата во тој период, воведе куса вонредна состојба и го суспендираше уставот во обид да ја задржи власта кога се соочуваше со растечко барање од јавноста да се повлече од функцијата.

Поранешниот пакистански лидер, кој исто така се соочува со други правни предизвици од времето кога беше на власт, ги отфрли обвинувањата и ги нарече политички мотивирани. Тој живее во Дубаи од 2016-та, кога отпатува поради медицински потреби.

Мушарав дојде на власт по крвавиот воен удар во 1999-та за смена на владата на тогашниот премиерот Наваз Шариф, кој подоцна побара егзил во Саудиска Арабија.