ЖБОГАР: ЕУ НЕ ГЛЕДА ПОТРЕБА ОД ВЕТИНГ ВО СУДСТВОТО

0
75

Европската Унија и Македонија се сретнаа за да ја подобрат состојбата во правосудството ама се разминаа по прашањето дали е потребно прочистувањето на кадрите во него. За премиерот Зоран Заев тоа е приоритет, за Унијата тоа е последна опција особено по неговиот вчерашен апел, Европската комисија да активира интрументи за мониторинг на судски случаи од висок профил.

А меѓу Македонија и Европската Унија балансот го одржува министерката за правда Рената Дескоска. Таа неодамна изјави дека мора да се биде свесен дека за да почне овоју процес потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, а тоа, како што рече Дескоска не може да се заврши пред изборите. На иста линија со неа е и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Таа во интервју за МИА изјави дека правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму судиите и јавните обвинители ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.

„Законските надлежности на Државната комисија во делот на следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство. Ова е нова надлежност на комисијата, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата.“ – изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

И не е само Европската Унија. Премиерот Заев упати апел и до Судскиот совет, УЈП, Финансиската полиција, МВР, катастарот и Централниот регистар што побрзо да се фатат за работата и да ги одвојат чесните и вредни судии и обвинители од оние, како што вели тој, малкумина кои ја грдат сликата на македонското правосудството.

Извор 24 вести