Заврши сведочењето на сопругата на Камчев

0
78

Заврши сведочењето на Ана Камчева. Кажа дека на Боки во 1-ТВ му донела 350 илјади евра, а Кичеец ѝ позајмил уште 150 илјади, за да соберат 500 илјади евра, за Камчев да излезе од притвор. Камчева рече дека имала средба со Боки и Катица Јанева во станот на Боки каде ги договарале деталите за Империја. Пред средбите со Боки, Камчева имала средби и со Васил Димшиков, адвокат, брат на судјката Весна Димискова. Ѝ побарал 6 милиони евра за да помине полесно во Империја.

 

Средбите ги договарал Кичеец, а Камчева била сведок на разговор по телефон помеѓу Боки, Орце и Јанева, која се вклучила на интерфон.