Заев: Ако дојде Мицкоски на власт ќе го поништи Преспанскиот договор, но нема да дојде

0
76

Да господинот Мицкоски ако дојде на власт ќе го поништи Договор и со Грција, односно Преспанскиот договор и ќе го поништи Договорот со Бугарија. Но затоа нема да дојде на власт и тоа не е возможно, рече премиерот Зоран Заев коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека доколку неговата партија обезбеди 80 пратеници во Собранието ќе пристапи кон менување на Преспанскиот договор и враќање на старото уставно име.

Ова не се работи за кои што треба да се шегуваме. Навистина работите се сериозни колку што беше тешко и беше потребна неопходна храброст да се донесат сите тие одлуки. Со иста тежина, храброст, одлучност и одговорност треба да се пристапува и кон иднината на овие прашања, рече Заев во одговор на новинарско прашање по денешното потпишување на Договор за државна помош со бугарската софтверска компанија „Скејл Фокус“.