Заев во Лондон: Членството во НАТО е остварување на нашата сегашна генерација

0
70

Како нова земја членка на НАТО, носиме позитивен придонес за стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан. Ние ќе продолжиме да ги споделуваме европските и евроатлантските основни принципи и вредности. Ние ќе ги поддржиме сите земји од нашето соседство во исполнувањето на нивните стратешки важни цели, особено оние што се поврзани со перспективите на евро-атлантските и европските интеграции, порача претседателот на Владата, Зоран Заев на панелот „Разговори – Одбрана и превенција за новата ера“, во рамките на конференцијата „НАТО се ангажира: Иновирање на Алијансата“ (“NATO Engages: Innovating the Alliance”), како дел од програмата на Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон.

На конференцијата „НАТО се ангажира: Иновирање на Алијансата“ (“NATO Engages: Innovating the Alliance”), на која присуствуваше нашата делегација со заменичката на претседателот во владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик претседателот во владата за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, покрај премиерот Заев на панелот говорник е и претседателот на Полска, Анджеј Дуда.