Заев и Мицкоски на телефонска линија, министерот за внатрешни енигма до 2 јануари

0
74

Отворени стојат телефонските линии меѓу кабинетите на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за техничкиот мнистер за внатрешни работи, откако СДСМ го одби како неуставен предлогот на опозицијата полковиникот Драган Ковачки да застане на чело на МВР, тврдат извори од преговарачкиот процес.

Неофицијално, опозицијата размислува на повеќе опции, но се уште стои и опцијата со Ковачки како професионалец. Од друга страна, извори од власта брифираат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како мандатар за техничката влада нема шанси да го предложи полковникот за негов наследник во предната влада.

Сепак, договор двете страни најавуваат дури на 2 јануари, ден пред оставката на Заев и изборот на техничката влада, кога просторот за маневр и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на СДСМ е мал.

И покрај проблемот со Ковачки, и од власта и од опозцијата децидни се дека избори на 12 парил ќе има, но меѓусебно се обвинуваат дека другата страна бега од граѓанско изјаснување.