Заев: Можно е да не поднесам оставка на 3-ти јануари, опозицијата обвинува – Заев бега од избори

0
91

Премиерот најави дека нема да си поднесе оставка на 3 јануари доколку претходно не се донесат законите за зголемување на платите и пензиите како и сите измени кои според него, живот значат за граѓаните.

Ваквиот став на Заев, за опозицијата е само уште едно алиби за бегство од избори.

Во ДУИ пак се оптимисти дека нема да има потреба за одложување на изборите.

Во моментов во собраниска процедура се над 200 закони, што е повеќе од половината од вкупниот број на закони кои собранието ги донело во овој мандат. Дополнително, власта најавува и нови предлози како оној за законот за извршителите, измени на законот за лустрација и нов закон за јавното обвинителство.

Согласно договорот кај Претседателот Пендаровски Заев треба да си поднесе оставка на почетокот на идната недела а Собранието да ја избере новата техничка Влада.