Заев: Обезбедивме средства и начин за нашето убаво Охридско езеро и понатаму ќе остане ремек дело на човековиот дух

0
68

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска заедно со министерот без ресор, задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми извршија обиколка и увид на отпочнувањето на санацијата на колекторскиот систем за Охридско Езеро.

Во продолжение, говорот на премиерот Заев ви го пренесуваме во целост:

„Денес, после неполна година подготовки и барање најдобри решенија и финансиски средства за реализација, започнуваат работите на чистење и реконструкција на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион од наслагите и корењата од дрвјата и санација на цевководот на колекторот. Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга.

За оваа намена се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот на граѓаните на нашата земја.

Овој значаен и сериозен зафат го преземаме затоа што несеопфатната реализација и негрижата за одржувањето на системот за прочистување на отпадните води создадоа сериозна еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини и реткости во неговото опкружување.