Заев: Повеќе пари и помали трошоци за земјоделците

0
83

Го вративме земјоделството на прав пат. Ние сме лидери на функционално европско поддржување на сите проекти од областа на ИПАРД за земјоделството и туризмот, докажавме дека знаеме да работиме домаќински и европски, рече претседателот Заев на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Битола.

 

400-тини млади луѓе добија грант од 10 илјади евра преку мерката „Млад земјоделец“, а со последните усогласувања младите земјоделци ќе добиваат 20 илјади евра грантови. Ја промовиравме мерката за жени-земјоделки во руралните средини, со обезбедени грантови од 3 илјади евра дополнително пари, вложуваме директно во земјоделците, додаде Заев.