ЗАЕВ: ПРАВНА ДРЖАВА МОРА ДА ИМА, НИ ТРЕБА СУДСТВО КОЕ ОДЛУЧУВА, А НЕ ЗАСТАРУВА ПРЕДМЕТИ

0
77

Да ја завршиме борбата за правда, ги ставивме животите во залог за правната држава – и последниот бастион на заробената држава ќе падне, порача Заев. На денешната граѓанска трибина пред членовите и симпатизери на СДСМ во Скопје, тој кажа дека правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата и побара од Судскиот Совет да го забрза прочистувањее т на судксите редови.

 

Го прозва директно бившиот претседател на Врховнот суд јово Вангеловски – кого штител и зошто десетици предмети ги чувале во фиока?

 

Зоран Заев премиер на РСМ – По два бардаци вода да им дадеш да чуваат ќе ги украдаат и ќе избегаат во Будимпшета. Нема компромис со криминалот. На тие што прават криминал се знае каде им е местото. Пукавме бомби. Ги ставивме животите за правната држава. Нема судија обвинител и судија кој ќе го запре овој процес. Нема шанси. Еден дел од судството и обвинителството останаа последната тврдина на заробената држава. Овие сваровски судски центри на моќ останаа последни упоришта на режимот. Уште еднаш ја повикувам ДКСК да започне проверка на имотот на судиите и обвинителите, УЈП, централен регистар, Катастар.