Заев: Aмериканската компанија „Дура“ ќе изгради уште две фабрики и ќе вработи 1 000 лица

0
77

Како круна на нашите успешни економски политики, имаме да ви соопштиме една исклучително добра вест – една од најмоќните компании во автомобилската индустрија, компанијата „Дура Аутомотив Системс“ донесе одлука да започне две нови инвестиции во нашата земја, и со тоа само оваа компанија, која веќе има една фабрика во ТИРЗ 2 Бунарџик, во нашата земја ќе има вкупно три модерни капацитети во кои со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за најголемите светски автомобилски компании, соопшти премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата на која говореа и заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Александар Младеновски.