Засадени нови дрвја во Аеродром, за 2 години нови 5.500 дрвја

0
72

Грижата за чист воздух и чиста животна средина е врвен приоритет на локалната власт во Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин.

Доказ за тоа е неодамна спроведената акција за засадување дрвја околу основното училиште „Ѓоргија Пулевски”, во која се вклучија голем број граѓани. Ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период на други локации, а ќе се засадуваат висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја.

Во изминатите две години општинската власт засади вкупно 5 500 дрвја, а во буџетот за наредната година предвиде дополнителни средства за набавка на нови садници. Нашиот влог во здрава животна средина е трајна придобивка што позитивно влијае врз здравјето на сите граѓани.