Зелената револуција нема да се сретне со надлежните се додека серизно не го слушнат гласот на граѓаните

0
76

Претставниците на граѓанските иницијативи обединети како Зелена револуиција кои го предеводеа петочниот марш пред Владата, вчера им порачаа на надлежните дека во овој момент простор за нови средби со премиерот, или со други претставници на државните институции, од кои беа повикани пред почетокот на маршот се можни само доколку се види дека има реална и конкретна волја за соработка со граѓаните.

-Тоа е можно и остварливо, доколку премиерот, неговите министри и советници ангажирани на темата за животна средина, покажат дека сериозно го слушнале гласот на граѓаните, искажан за време на маршот и по итна постапка ги реализираaт нивните барања наведени во т.н Зелена книга, а за кои не е потребно подолго време бидејќи зависат директно од волјата на премиерот и членовите на Владата-велат од Зелената револуција.

Во петокот граѓаните заедно со здружените граѓански иницијативи со транспаренти „Животот пластичен не е фантастичен“, Правдата пред профитот“, „Сакаме да дишеме“ им порачаа на надлежните дека треба да се грижат за чистиот воздух и здравјето, многу повеќе отколку за парите.