Изборен закон, СДСМ ќе ја преиспита коалицијата со ДУИ

0
76

Само неколку месеци пред изборите, СДСМ најави ќе ја разгледа коалицијата со ДУИ, откако партијата поднесе над неколку илјади амандмани со кои се блокира Изборниот законик За лидерот на партијата Зоран Заев, сомнително е поднесувањето на илјадници амандмани од страна на ВМРО и ДУИ на истиот предлог-закон.

Поднесувачите на иницијативата за една изборна единица,и за отворени листи на кандидатите  бараат да се повлечат амандманите.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатат никаква расправа за промена на изборниот модел најмалку 1 година пред изборите.

Движењето Беса е за моделот со 3 изборни единици и отворени листи, но нема да поднесат амандмани за предлогот за една изборна единица.

“Ние нема да поднесеме амандмани и не сме за една изборна единица. Ова го кажавме и порано. Ништо не се менува. Една изборна единица со затворени листи не менува ништо суштински, туку е само манипулација со мислењето дека нешто може да се промени. Ако сакаме нешто да се промени, тоа мора да биде нешто порадикално и суптилно.

Алијансата за Албанците е за отворени листи и осум изборни единици. И партијата на Села гледа поврзаност меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во врска со амандамните.

 Алијанса на Албанците

“Поднесените 5000 амандмани не се ништо повеќе од 5000 причини да се блокира собраниската расправа за измените на Изборниот законик. Од друга страна, приближувањето на ставовите и ко-доставувањето на амандманите со ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател за нивните идни соработки во блокирање на процесите што носат промена за општо добро, но секако на нивна штета!”

За Изборниот законик се најавени над 6.000 амандмани од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, кои практично нема да успеат да се разгледаат  пред изборите во април.

Извор Алсатм