Изгоре стан во Кисела Вода, нема повредени

0
80

Пожар синоќа изби во стан на улицата „Пушкинова“ во скопската населба Кисела Вода, поради што станарите биле евакуирани. Станот бил во сопственост на А.Ж. (54).

Во 21.50 часот пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита. Според информациите нема повредени, а увидот е во тек.