Измамник во Русија изградил лажна граница со Финска за мигранти

0
74

Руската полиција уапси измамник кој во близина на руско-финската граница изградил лажен граничен премин, за да ги измами мигрантите, на кои им ветил дека може да ги пренесе во ЕУ, пренесе „Гардијан“.

Руската гранична полиција вчера објави дека неименуван маж во подрачјето на централна Азија изградил лажна граница во шума, близу границата со Финска. На четворица мажи од јужна Азија им наплатил повеќе од 10.000 долари за да ги однесе до Финска, која е членка на ЕУ, но никогаш не планирал да ги исполни своите ветувања.

Тој инсталирал лажна ограда која требала да ја означува државната граница меѓу Русија и Финска, па група од економски илегални мигранти ги повел со автомобил на обиколка на регионот Виборг, а во една етапа по патот дури и заради безбедност, во езеро ги возел со гумен чамец.