Инспекции на град Скопје во МЖ Транспорт

0
73

Инспекции на Град Скопје во моментов влегоа во „Македонски железници Транспорт“, каде што се утврдува сосотојбата со загадувањето на воздухот, бидејќи вчера граѓаните алармираа дека од оваа државна компанија излегува црн чад. Работниците од околните компании со кои разговараше Телма посочуваат дека чадот траел неколку минути, а истата појава ја имаат забележано и во неколку други наврати. МЖ Транспорт се грее на мазут.