Исклучени телефоните и интернетот во СЈО

0
75

Од вчера мобилните телефони на обвинителите и на останатите вработени во СЈО се исклучени во еден правец, односно можат само да примаат повици, а набрзо ќе им бидат исклучени и за дојдовни повици. Исто така, во просториите на СЈО повеќе нема ниту интернет.

Исклучувањето наводно се должи на неплатени сметки, откако по разрешувањето на Катица Јанева нема кој да ја потпише исплатата. Според неофицијални информации, долговите во СЈО се натрупани за изминатите три месеци, при што се должи за сметки за вода, парно, струја, кирија, а стотината вработени чекаат плата за истиот период.

Засега нема решение на повидок бидејќи републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески би можел да ги преземе овие надлежности од Јанева, само со закон (законските измени веќе се предложени).