Истекува рокот за исплата на К-15

0
84

Утре е последен ден за исплата на регрес за годишен одмор. Од Организацијата на работодавачи немаат информација колку од компаниите до сега го исплатиле популарно наречениот К-15. Дел од фирмите ја исполниле оваа обврска уште пред годишните одмори, но праксата покажува дека поголем дел од нив го прават тоа пред крајот на годината. Со оглед на тоа што Законот дозволува регресот да е помал од пропишаниот минимум во случај кога фирмата има финансиски потешкотии, од Организацијата на работодавачи предупредуваат на внимателност и од страна на работодавачите и од страна на работниците

“Работниците се тие што го бираат нивниот претставник што ќе ја склучи таа спогодба, а не управителот или директорот. Работниците мора на собир на работници на нивно здружение да се договорат до кој износ ако фирмата има загуба, има финансиски проблеми, кој е тој минимален износ за кој се спремни да преговараат и тие да го изберат лицето претставник. Само во тој случај оваа помала исплата ќе биде согласно општиот колективен договор. Во сите други случаи ако работодавачот сам си назначи лице и сам си склучи спогодба со тоа лице, тоа може да му падне на суд и мора да го исплати целиот износ на К-15”, вели Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи на Македонија.