Како ќе се имплементираат препораките на Венецијанската комисија?

0
70

Како претседател ќе ги ставел на дневен ред измените ако опозициската партија ги достави до него, но смета и дека забелешките од Венецијанската комисија не се задолжителни за Собранието да мора да ги имплементира.

 

Дека ВМРО ДПМНЕ нема да има поддршка за отворање на законот, најавија и од БЕСА и АА. Според нив, грешка било што Владата го испрати цел закон до Венецијанска комисија, а не само членот 8.

 

Министерката за правда верува дека забелешките ќе се почитуваат. Дескоска вели дека со инструменти од Законот за јазици не смее да се дозволи блокада и застарување на судските предмети.