Кривична за Ацо Спасеновски, како министер за земјоделство овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари

0
84

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за земјоделство Ацо Спасеновски.

Спасеновски се товари за злоупотреба на службената положба и овластување.

  • Првопријавениот А.С. во својство на министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на 2009 година потпомогнат од второпријавениот А.Ѓ, сопственик и управител на третопријавеното правно лице Меѓународен Агро Консалтинг, ја злоупотребил својата службената положба и овластување на начин што дал налог и исплатил фактури во вкупен износ од 7.338.551 денари за што биле доставени и примени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вкупно 27 невистинити извештаи за „извршено научно и мониторинг истражување“, односно овозможил третопријавеното правно лице да стекне противправна имотна корист од 7.338.551 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира Финансиската полиција