Кривична пријава против А.А.(21) од с.Чајле, гостиварско

0
78

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(21) од с.Чајле, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.08.2019 на ул.„Железничка“ во Гостивар полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле таблети МДМА.