„Макканабис“: Политичките партии да го донесат законот за канабис пред распишување на изборите

0
84

Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска упати апел до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции.

Од Здружението побараа законот, што е доставен до Собранието, да се донесе пред распишување на изборите, односно да добие статус на закон кој се носи по скратена постапка за да може да биде изгласан на наредната седница.

 

– Апелирам до сите политички чинители во државава да престанат игрите со донесувањето на новиот Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, кој како некој намерно да не сака да се донесе. Апелирам до сите партии, а најмногу до трите најголеми партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да престанат со ситно политичко профитерство и здружено да се донесе овој закон пред да се распишат предвремени парламентарни изборит, истакна Костадин Дуковски, претседател на Здружението „Макканабис“ на прес-конференција.