МВР ПОТВРДИ: ЕДНО ЛИЦЕ ФИЗИЧКИ НАПАДНАТО ВО ТЕПАЧКАТА ВО ОПШТИНСКИТЕ ПРОСТОРИИ НА КАРПОШ

0
89

Едно лице физички било нападнато во вчерашната тепачка во општинските простории на Карпош – од Министерството за внатрешни работи денеска го потврдија инцидентот, кој се случи за време на јавната презентација на Деталниот урбанистички план за Трнодол. Полицијата работи на расчистување на случајот.

– НА 17.12 е пријавено дека околу 16:10 часот при одржување на презентација на ДУП од Општина Карпош, А.К. Бил физички нападнат. На местото на настанот излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – МВР.

Жителите на Трнодол и денеска преку соопштение обвинуваат за насилно носење на – според нив скандалозниот и незаконски ДУП. Обвинуваат дека јавната презентација била спречена од како што пишуваат „платеници“ на градоначалникот.