МВР ја истражува МОНТ на Камчев за предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

0
74

МВР истражува три фирми за финансирањето на предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори. Една од нив е фирмата МОНТ која е дел од Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев. Од компанијата МОНТ велат дека имало двајца инспектори од МВР, на кои им ги дале документите кои ги барале. Според МОНТ, инспекторите потврдиле дека нема ништо спорно во работењето на компанијата за која велат дека немала никакво учество во предизборната кампања на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.

Според информациите од обвинителството се работи за рана фаза на предистражна постапка. Две од фирмите се домашни, а една е во Шпанија, па поради ова се соработувало и со шпанското МВР. За истрагата ќе треба да помогне и Државниот завод за ревизија кој ги контролира партиските сметки отворени наменски за предизборни кампањи. Од  ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека целта на оваа предистрага е да се одвлече вниманието на јавноста од актуелните случувања со аферата „Рекет“.