Милевски: Владата ќе си ја заврши задачата и ќе организира едни фер и демократски избори

0
78

Министрите за труд и социјална политика и локална самоуправа, Мила Царовска и Горан Милевски очекуваат конструктивност од опозициските министри кои ќе влезат во новата техничка Влада.

Конечно во Македонија треба да се покажат поинакви вредности, поинаков дијалог и начин на конструктивна дебата и дискусија за секое прашање. За одредени прашања може да имаме согласување или несогласување, но не преку ефтина политика, туку преку аргументи факти и заеднички диксусии, вели Царовска, по денешната посета на Штип.

Министерот за локална самоуправа, Милевски со став дека техничката Влада има за задача да овозможи спроведување на фер и демокртаски избори.