МИЛИОНСКИ ДОЛГОВИ ЈА КРАСАТ ЛИСТАТА НА УЈП: Ова се најголемите неплаќачи на данок

0
73

Милиони долгови, со илјадници должници ја „красат“ листата на УЈП објавена за доспеани долгови до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година.

 

Зучни имиња, познати бизнисмени, редовни гости и овој пат јавни комунални претпријатија но и општини.

 

„Те-то“ со долг од 18,8 милиони евра не го дава првото место. Закотвен на листата на втор место упорен е поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо.

 

Меѓу должниците простор си резервирал и Боки13 со неговата фирма од телевизијата која пропадна и остана должен со безмалку 70 илјади евра за разни даноци.

 

Рускиот бинисмен Сергеј Самсоненко, пак должи 374.000 евра. Тој всушност на играчите и вработените не им плаќал плати па на црната листа се најде со долг за неплатен пероснален данок од плата кој изнесува 364 илјади евра.

http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/442