Милошоски: Уставните судии блиски на СДСМ во 2016 година тврдеа дека членот 11 постои

0
76

Четворица уставни судии од 2016 година, а кои се блиски до СДСМ во издвоено мислење со укинувањето на измените од 2009 година, тврдеа дека се враќа во членот 11 од Законот за помилување.

– Дали уставниот судија Сали Мурати во 2016 година бил во право кога тврдел дека се враќа во сила правото на претседателот да помилува или сега како претседател на Уставниот суд кога го тврди спротивното. Независно дали Законодавно-правната комисија донесе автентично толкување или не за членот 11, ниту Собранието ниту министерството за правда не може да му ги одземе надлежностите на Уставниот суд и да му каже како да одлучува, но за да нема дилеми наша препорака е Уставниот суд да побара помошно мислење од Венецијанска комисија – вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.