Министерството за земјоделие со откупни центри во обид за модернизација на производството

0
72

Опаѓа македонското земјоделско производство. Се помалку производители, но и помалку обработени површини.

Земјоделските здруженија бележат стотици хектари незасадено земјиште. Стихијноста во производството, негарантираниот откуп но и климатските промени последниве години придонесуваат за намалување на земјоделското производство и затоа е потребно сериозно вложување во земјоделскиот сектор.

Како мерка за модернизација на производството, ресорното министерство ќе гради откупно – дистрибутивни центри.