Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за јазиците според препораките на Венецијанската комисија

0
104

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за јазици согласно препораките на Венецијанската комисија, најави лидерот на партијата христијан мицкоски. Иако не открива што точно содржински ќе има, Мицкоски вели дека со нив ќе се надмине правната дивбоградба која ја направил зоран заев при првото носење на законот. Лидерот на опозциската партија вели дека препораките на Венецијанската комисија се задолжителни за нас како држава кандидат за членство во европската унија.

 

Опозицискиот лидер ги повтори и барањата амнестиран политичар да не се занимава со политика и јавна функција, да се забрани аменстија на политичари и функционери, да се проверува имотот наоние кои се занимаваат со јавна професија и пред избори да се знае мандаторот. Мицкоски вели дека за овие барања се уште нема одговор од Заев бидејки е единствен аболициран, а активен политичар кој се надева и на идни амнестии и пратенички имунитет.