Мицкоски: Заев молчи за забрана за амнестија на политичари и испитување на потекло на имот затоа што се плаши од правда

0
88

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одржа прес-конференција на која истакна дека се докажало дека Зоран Заев е главна пречка за правда во државата.

 

-Во изминатиов период дадов неколку предлози, а кои беа во насока на зацврстување на демократските процеси и правната држава. Но од другата страна добивме молк, и одбивање да се направат чекори кон борбата против корупцијата и криминалот. Тој молк не може никако поинаку да се разбере освен како штитење на криминал, корупција и подривање на правната држава. Заев се докажа дека е главна пречка за правда во државата. И да ги тргнеме на страна оние милијарди спинови и лажни вести кои ги пуштаат, а со кои само си се лажат само себеси, ајде да зборуваме малку за суштината. И еве ги тие работи кои Заев и СДСМ ги изнесуваат на чистина. Прво, го повикав да прифати измени на законот со кои што ќе се забрани секој кој е амнестиран во земјава да се занимава со политика и да биде носител на државна функција.Не добивме одговор, односно добивме одговор дека практично ќе одговарале сите што сториле криминал и дека тука немало да има амнестија. Но фактот е еден дека единствен активен политичар во државата кој што во минатото е амнестиран за сомнеж за сторен криминал е токму тој, Зоран Заев, рече Мицкоски.