Младите специјализанти бараат плата, ако не се закануваат дека ќе се иселат од државата

0
76

Не усна гаранција туку законско решение со кое приватните специјализанти ќе бидат платени за тоа што го работат. Ова е главното барање од денешниот протест пред Министерството за здравство на околу 200 млади лекари запишани на специјализација пред 4 месеци. Велат дека до сега не добиле ниту денар а нивната доедукација ја плаќаат од свој џеб. Министерот за здравство им ветил дека од февруари и тие ќе земаат плата, но за тоа немаат никаков писмен договор. За да не зависат од добрата волја на политичарите побараа измени на Законот за здравствена заштита.

– Надоместокот да се исплаќа од самиот почеток на сепцијализацијата па се до нејзиниот крај. Само на то начин оваа влада ќе покаже дека се грижи за младите лекари во државата и ќе го спречи нивниот одлив во странство, вели Ева Марковска специјализант на Клиника за мочни болести.

Неисполнувањето на барањата според специјализантите нема да биде во интерес на здравствениот систем.

– Па најверојатно голем дел од нас ќе се иселат во странство, вели Марковска.