ММФ: Корпоративниот долг се повеќе се користи за преземање ризици

0
80

Меѓународниот монетарен фонд предупреди на растечки тренд на користење на корпоративниот долг за шпекулативни финансиски инвестиции. Тоа, според ММФ, може да ја направи глобалната економија поранлива во следна криза.

Соодносот на корпоративниот долг во напредните економии расте стабилно од 2010 година и сега е на исто ниво како што беше на својот врв во 2008 година.

Иако некои големи економии, како Шпанија и Велика Британија, значително го намалија нивото на нивните долгови, САД имаат континуиран раст на корпоративниот долг од 2011 година, што достигна рекорд кон крајот на минатата година.